Добредојдовте на порталот за развој на туризмот во СИПР
Североисточниот регион е еден од осумте статистички региони на Македонија. Тој се наоѓа во североисточниот дел на држа-
вата и се граничи со скопскиот регион и со источниот регион.
Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2310 квадратни километри, што преставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија.
На 17.07.2008 година е основан Центар за развој на Североисточен плански регион (СИПР).
Североисточниот плански регион опфаќа шест општини, и тоа:
Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане.
повеќе >>
ПРОЕКТ: СОЗДАВАЊЕ НА ПРЕДУСЛОВИ ЗА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН – ФАЗА I
Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа (Биро за регионален развој) преку Програмата за атрактивни плански региони 2009 и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој 2009. Проектот е управуван од Центарот за Развој на Североисточен плански регион.
Проектот е имплементиран од страна на Конзорциумот формиран помеѓу Идеја О.К. и Балкан Девелопмент Солутионс БДС.
повеќе >>
Актуелно
|
КУКЛИЦА
Интересна и уникатна појава на околу 150 земјени пирамиди и столбови изградени од вулкански карпи (туфови, бречи) и високи од 4 до 10 метри. Дел од столбовите се така оформени што наликуваат на човечки фигури, заради што појавата од локалното население е наречена „Весела свадба“.
повеќе...
|
|
|
|
КОКИНО
Маркантно возвишение од голи, цврсти вулкански карпи со столбеста форма. Помеѓу одделни карпести блокови-столбови, се јавуваат пукнатини и процепи кои набљудувани од одредена централна точка на возвишението, покажуваат карактеристични положби на Сонцето и Месечината.
повеќе...
|
|
|
|
ЛИПКОВСКО ЕЗЕРО
Помало вештачко езеро формирано со преградување на Липковска Река со лачна бетонска брана. Езерото е долго околу 1.3 км, широко 120 м и со најголема длабочина од 35 м. Зафаќа површина од 0.4 km2.
повеќе...
|