ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН |
Природно географски карактеристики |
Географска положба и сообраќајна поврзаност |
Североисточниот плански регион го зафаќа крајниот североисточен дел од Република Македонија. Се простира во сливните подрачја на Пчиња и Крива Река во кои се протегаат Кумановската котлина и Славишкото Поле. Кумановската Котлина се простира на надморска височина од 380 - 400 м. и зафаќа површина од 628 км2, а Славишкото Поле кое е мошне нерамно се простира на надморска височина од 400-1000 м. и зафаќа површина од 320 км2. |
Од аспект на можностите за развој на туризмот и пошироко за развој на вкупното стопанство, Североисточниот плански регион за поцелосна интеграција во европските и светските текови ја користи својата поволна географска положба и сообраќајна поврзаност. Во тој поглед, особено треба да се респектира тоа што низ ргионот минуваат делови од двата коридора - коридорот 10 и коридорот 8. |
Административно Североисточниот плански регион е поделен на општините: Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане. Зафаќа површина од 2.310 км2 што преставува 9,3% од територијата на Република Македонија. |
|
Во состав на регионот влегуваат 192 населени места, од кои 189 се рурални населби. Густината на населеноста изнесува 75 жители/км2 и е приближно до просекот на земјата (81 жители/км2). Просторот на регион се граничи со Косово и Србија на север и Бугарија на исток. Комуникацијата со овие земји се остварува преку граничните премини: Табановце – општина Куманово, Прохор Пчински – општина Старо Нагоричане кон Србија, и Деве Баир – општина Крива Паланка кон Бугарија. |
Клима |
Североисточниот планскиот регион го карактеризира умерено-континентална до планинска, со умерено студена зима, умерено топло лето, свежа пролет и релативно топла есен. Ваквите климатски карактеристики се должат на географската положба, релјефот и мошне слабите влијанија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река. |
Хидрографија |
Североисточниот регион го опфаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Во хидрографската структира на регионот има повеќе извори на вода, потоци и рекички кои припаѓаат на сливот на Пчиња и Крива Река, две атрактивни вештачки акумулациони езера (Липково и Глажња) во општината Липково и уште две помали акумулаци. |
СИПР располага со топли минерални води кои според своите природни карактеристики даваат одлични можности за развој на бањскиот туризам и поттикнување на земјоделското оранжериско производство (бањите во Куманово и во близина на Старо Нагоричане). |
Почва |
Североисточниот плански регион располага со 146.346 хектари земјоделска површина од која 79.800 хектари се обработливи површини. Од вкупната обработлива површина, под ораници и бавчи спаѓаат 66.047 хектари, овоштарници 492 хектара, лозја 1.654 хектари, ливади 11.607 хектари. Земјиштето во најголем дел е со среден производен потенцијал (хумусот во почвите се движи во границите од 1 - 3 %). По течението на Крива Река, земјоделското земјиште е мошне погодно за полјоделски и градинарски култури, овошни насади, винова лоза и други култури. Во планинскиот дел почвите се со висок роден потенцијал за производство на квалитетен компир, грав и други градинарски култури. Регионот изобилува и со високопродуктивни пасишта (66.536 хектари под пасишта) погодни за одгледување на крупен и ситен добиток. |
Иако Североисточниот плански регион располага со значителни обработливи површини за производсво на квалитетни поледелски и сточарски производи, земјоделството во регионот има екстензивен карактер, затоа што овој регион се уште не го специјализирал своето производство. Меѓутоа ваквите состојба во земјоделското производство му овозможува, своето земјоделско производство (поледелско и сточарско) да го конвентира во органско производство на храна што ќе претставува негова голема предност. |
Демографски карактеристики |
Во периодот од 1994–2006 год. бројот на населението во Североисточниот плански регион се зголемил за 8.946 жители. Во 2006 год. бројот на жители во СИПР изнесувал 174.076 (проценка) и во однос на бројот на населението од 2002 год. |
Според етничката структура на населението само во општината Липково мнозинско население се Албанците. Во сите други општини мнозинско население се Македонците. |
Североисточниот плански регион се карактеризира со релативно ниска стапка на активност на населението. Во периодот 1994-2002 година стапката на вработеност се намалила од 60,2% на 51,8%. |
Невработеноста во овој регион е многу висока и, исто така, е пониска единствено во однос на Полошкиот регион. Една од можностите за апсорпција на дел од невработеното население е во развојот на туризмот, како трудоинтензивна дејност и за чиј развој постојат соодвени потенцијали. |
Економски карактеристики |
Североисточниот плански регион според развојниот индекс со 0,56 е најслабо развиен во однос на останатите региони. Меѓутоа согласно Законот за потребите на планирањето на регионалниот развој се утврдени подрачја со посебни развојни потреби и истите преставуваат посебен фокус на планирањето на регионалниот развој. Во нив спаѓаат: пограничните, руралните, ридско-планинските подрачја и подрачја кои заостануваат во развојот. Оваа погодност ја истакнуваме затоа што најголем дел од населебите во Североисточниот плански регион го исполнуваат ова барање. |
Деловни субјекти. Вкупниот број на регистрирани деловни субјекти во 2007 е 6.952, од кои активни деловни субјекти се 3.506, покажува дека учеството на активните деловни субјекти од околу 50% е идентичен на другите региони. Носители на економскиот развој во регионот се малите претпријатија кои учествувале со околу 70% во вкупното производството и во вкупниот број вработени во нефинансискиот сектор во 2006 година. Малите претпријатија се карактеризираат со исклучително динамичен раст на производството од 72% во периодот 2003-2006 година кога креирале околу 3.000 нови работни места. |
Инфраструктура |
Современата сообраќајна инфраструктура е основата за развој на современиот туризам. Патната мрежа на регионално ниво е релативно добро развиена. |
Комуналната инфраструктура е исто така релативно добро развиена, и има мошне големо значење за вкупниот развој посебно за развојот на туризмот, но исто така и за условите на животот на населението. |
Гасоводниот систем кој е дел од рускиот транзитен гасовод е од особено значење за Североисточниот плански регион и Република Македонија во целина. Република Македонија се приклучува на бугарскиот дел од гасоводот во граничниот реон Деве Баир и истиот се протега преку подрачјата на Крива Паланка, Кратово, Куманово и Скопје. Од аспект на регионалниот развој, градењето на капацитети за подобро искористување на гасоводниот систем може да придонесе за поттикнување на развојот на регионите. |