ПРОЕКТ: СОЗДАВАЊЕ НА ПРЕДУСЛОВИ ЗА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН – ФАЗА I
|
|
Овој проект има за цел да создаде услови за поставување на основа за развој на туристичката индустрија во СИПР, да го промовира значењето на развојот на оваа индустрија за економскиот раст на регионот и да ги идентификува моделите за почетен развој на туризмот. Првите чекори во создавањето на ваквата основа за развој на туризмот се во реализацијата на проектните задачи дефинирани во техничката спецификација. Тие се осум (8) и од нивната квалитетна изработка зависи понатамошното развивање на концептот за развој на туризмот и започнува-ње со давањето на организирани и интегрирани услуги:
|
| 1.
|
Mапирање на постоечките и потенцијалните ресурси со користење на ГИС софтвер;
|
| 2
|
Изработка на Стратешки план за развој на туризмот во регионот 2011 – 2016 година;
|
| 3.
|
Изработка на Акционен план за развој на туризмот 2011 – 2016 година;
|
| 4.
|
Изработка на Студија за оптимално користење на природното богатство на регионот во туристички цели;
|
| 5.
|
Изработка на Студија за оптимално користење на културно – историското наследство на регионот во туристички цели;
|
| 6.
|
Изработка на туристички ВЕБ Портал за развој и промоција на туризмот;
|
| 7.
|
Изработка на Програма за подигнување на свеста во регионот за вредностите за развој на туризмот преку:
| -
|
Организирање на еднодневна Регионална конференција за промоција Стратешкиот план за развој на туризмот во СИПР и првична мобилизација на ресурсите за имплементација на првите чекори од Акциониот план за развој на туризмот во СИПР.
|
| -
|
Изработка на туристички промотивен печатен материјал (каталог за регионот, брошура за секоја општина, мапа на регионот, брошура за културни настани во регионот и разгледници). Промотивниот материјал е изработен на македонски, албански, српски и англиски јазик.
|
| -
|
Изработка на промотивен видео материјал за промоција на потенцијалите за развој на туризмот во СИПР.
|
|
| 8.
|
Изработка на Програма за градење на човечките ресурси и капацитети за развој на туризмот.
|
|
Реализирајќи ја целта на проектот ќе се создаде основа за организирана поддршка на развојот на туризмот во Северо- источниот регион преку идентфикација и валоризација на неговите природни, културни, историски и останати вредности за создавање на потенцијали за туристичка понуда за странските и домашни туристи и нивно организирање во плански напори за давање на услуги во формати и структура на повеќеслојни електронски мапи и реално остварлив Стратешки и Акционен план. Оваа основа ќе биде поддржана и со изработка на Програма за промоција на туризмот во регионот со соодветни аудио визуелни и печатени промотивни материјали и Програма која ќе посочи ефикасни решенија за искористување на човечкиот потанцијал за градење на капацитети во областа на туризмот.
|
|
Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа (Биро за регионален развој) преку Програмата за атрактивни плански региони 2009 и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој 2009. |
Проектот е управуван од Центарот за Развој на Североисточен плански регион.
|
Проектот е имплементиран од страна на Конзорциумот формиран помеѓу Идеја О.К. и Балкан Девелопмент Солутионс БДС. |